Бујар Османи: Новата енергија се чувствува во Чаир, граѓаните бараат промена

➡ Од првиот ден реков - не влегов во оваа трка за да ја водам општината, туку за да ја канализирам оваа енергија на гневот, на револтот што го слушам од секој човек што сум го сретнал. Сретнав илјадници луѓе овие три месеци кампања. И тие зборуваат за нашето национално достоинство што ни е одземено и понижено, но зборуваат и за достоинството на животот во Чаир, порача Османи.

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, оцени дека последните јавни собирања и масовниот одѕив ја отсликуваат новата енергија што владее во општината и која претставува јасна порака за потреба од промени. Како што истакна, пораката што ја слушнал при средбите од врата на врата и на јавните настани е дека жителите бараат достоинство и подобар квалитет на живот.

„Се случува нешто необично. Еден вид мобилизација што не е типично партиска. Дојдоа луѓе кои ни велеа, и тоа во многу голем број: ние гласавме лани за нив, но погрешивме. Сакаме сега да ја поддржиме вашата кауза. Дојдоа неопределени луѓе, кои ми велеа: ние никогаш не сме гласале, никогаш не излеговме на избори, сме аполитични. Но овој пат не смееме да молчиме. Тоа е една енергија што врие“, рече Османи.

Тој нагласи дека мобилизацијата на граѓаните, без разлика на нивната етничка или политичка припадност, е потврда за желбата да се врати достоинството и да се изгради нова политичка култура во Чаир.

„Од првиот ден реков: не влегов во оваа трка за да ја водам општината, туку за да ја канализирам оваа енергија на гневот, на револтот што го слушам од секој човек што сум го сретнал. Сретнав илјадници луѓе овие три месеци кампања. И тие зборуваат за нашето национално достоинство што ни е одземено и понижено, но зборуваат и за достоинството на животот во Чаир“, порача Османи.

Османи заклучи дека „историската промена“ веќе започнала и дека новата енергија што ја демонстрираат граѓаните ќе биде двигател за подобар Чаир.