Кандидатот за претседател Бујар Османи утрово се огласи на својот Фејсбук профил.
Тој упати благодарност до граѓаните за гласањето.
„Ви благодариме над 120.000 пати! Ви благодариме за секој глас, за секоја поддршка, за секоја доверба дадена на ова патување. Со над 120.000 гласови испративте јасна порака: Единството е нашата сила, а различноста е нашата сила. Ова е само почеток на ново поглавје за сите нас, поглавје каде заедно ќе изградиме посветла иднина за сите.
Длабоко сум почестен и понизен од вашата доверба и поддршка. Ветувам дека ќе работам неуморно за да ги исполнам вашите очекувања и да ги унапредиме прашањата кои се најважни за сите нас. Заедно, нема предизвик што не можеме да го надминеме.
Благодарност и до оние кои не гласаа за нас. Ве повикувам да бидете дел од ова ново поглавје, заедно да ја градиме иднината, без разлика на претходните поделби. Заедно напред, со отворено срце и одлучен ум да го направиме најдоброто на секој чекор.
Благодарност до Фронт за довербата.
Сакам особено да им се заблагодарам на сите наши активисти кои не направија горди со својата посветеност и енергија. Вие сте срцето на оваа кампања!“, напиша Османи.