![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/04/osmani-brisel-750x419.png)
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе престојува во работна посета на Брисел, при што ќе се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) и инаугуративната пленарна сесија 2023-2025 на Европскиот економски и социјален комитет, на дискусија за зајакнувањето на демократијата, европските вредности заедно со граѓанското општество во земјите кандидати за членство во ЕУ.
На агендата на Османи ќе биде и дискусијата на тркалезна маса со известувачите во сенка и пријателите на Северна Македонија, Кристијан Сагарц, Илхан Ќучук, Марион Валсман, Тијс Ројтен, Масимо Касталдо, Влад Ботос, Андреа Шајдер и Ирена Јовева, соопшти МНР.
За време на престојот во Брисел, министерот ќе оствари средби со лидерите на најголемите политички партии на Европскиот парламент, претседателката на Социјалисти и демократи (S&D), Ираче Гарсија Перез, и претседателот на политичката група Европска народна партија (EPP), Манфред Вебер.