
Буфон го потврди назначувањето на Гатузо за селектор на италијанската репрезентација
Директорот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, изјави дека е постигнат договор со Џенаро Гатузо да стане селектор на „Азурите“.
Директорот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, изјави дека е постигнат договор со Џенаро Гатузо да стане селектор на „Азурите“.
– Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, му изјави Буфон на новинарот Матео Морето.
Последната работа на 47-годишниот фудбалски стручњак беше во Хајдук, кој го напушти на почетокот на јуни.
Пред тоа, Гатузо ги тренираше Марсеј, Валенсија, Наполи, Милан, Пиза, ОФИ, Палермо и Сион.