Бутел доби нов плоштад и нов парк, целосно се промени ликот на запуштениот простор
Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски“ на местото на разрушениот и пропаднат објект никна нов рекреативен центар со нов плоштад – „Слобода“, нов парк и детски содржини.
Новиот парк се протега на 2.000 м2 а плоштадот на 500 м2. Покрај тоа новиот рекреативен комплекс содржи и ново детско катче за најмладите, нова пешачка патека која го поврзува плоштадот со училиштето сместено во зеленило и уредено со ново осветлување.
-За прв пат се изгради амфитеатар кој ќе можат граѓаните да го користат, но и сите ученици за разни манифестации. Ова е едно големо барање на жителите на населбата Бутел 1 кое наскоро ќе се реализира. Запуштениот, разрушен објект кој ја нарушуваше безбедноста на граѓните ќе замине во историја, најави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.