Бурек доставен со дрон до градоначалникот на Љубљана
Првата испорака на бурек со дрон е извршена во Љубљана. Во раните утрински часови до Љубљанскиот замок полета дрон со незаменлива состојка на љубљанската кулинарска сцена – бурек и јогурт.
Таму го чекал градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, пренесува веб-страницата 24ur.com.
Во раните утрински часови беспилотно летало на компанијата „OneDrone“ го прелета главниот град, од Бурек Олимпија до Љубљанскиот замок, највисоката точка во градот, каде што беше примен од градоначалникот на Љубљана.
Летот од Баварската палата до дворот на замокот траеше1 минута. Во пакетот што го донел дронот имало бурек од Бурек Олимпија.
Според организаторите, проектот е изведен согласно сите прописи, законска регулатива и дозволата за употреба, притоа почитувајќи ги сите потребни безбедносни стандарди.
Законодавството во областа на беспилотните летала е посебен услов при изведување операции во урбани средини, така што ваквиот тип на испорака низ строгиот центар на градот е голема пресвртница на поширок европски и светски размери, додаваат оттаму.