„Бум“ на судски процеси во СПАК против министри, заменици и функционери

Според официјалните податоци на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, од неговото формирање до крајот на 2024 година имало околу 900 обвиненија за кривични дела од областа на корупцијата против министри, пратеници и други државни функционери.

Според официјалните податоци на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, од неговото формирање до крајот на 2024 година имало околу 900 обвиненија за кривични дела од областа на корупцијата против министри, пратеници и други државни функционери.

-Од 2019 година, кога започна со работа, ова тело се смета за главна алатка во борбата против корупцијата, што ги поттикна дури и оние кои го напаѓаа и анатемисуваат да одат и да поднесат тужби. Според статистиката на обвинителството точната бројка на обвиненија е 892 главно за злоупотреба на службената положба, повреда на еднаквоста на учесниците во тендери, пасивна и активна корупција на лица кои вршат јавни функции; прикривање на имот, пасивна корупција на судии, обвинители, објавија медиумите.

Обвинителството соопштува и дека само во периодот од први март до 30 ноември минатата година, под истрага се евидентирани 146 лица за кривични дела поврзани со корупција. Од нив, 14 се високи функционери.

Досега има неколку имиња на високи функционери кои се исправени пред правдата. За поранешниот премиер и претседател на државата Сали Бериша веќе има судска постапка, екс шефот на државата Илир Мета е во затворски притвор, а неодамна беше уапсен и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој исто така е во затворски притвор.

-Можеме да кажеме дека ова се трите имиња на највисоки функционери, покрај повеќето веќе осудени градоначалници. Но, се чини дека нема да бидат единствените. Според СПАК, тужби има и за многу други имиња и се очекува набрзо да се преземат мерки против нив, констатираат медiумите.