
Букурешт избира нов градоначалник
Се очекува речиси 1.800.000 луѓе да го искористат своето право на глас на 1.289 избирачки места и да го одредат човекот што ќе раководи со најголемиот и најбогат романски град до 2028 година и ќе управува со буџет од 11 милијарди леи.
Граѓаните на Букурешт денеска избираат нов градоначалник.
Се очекува речиси 1.800.000 луѓе да го искористат своето право на глас на 1.289 избирачки места и да го одредат човекот што ќе раководи со најголемиот и најбогат романски град до 2028 година и ќе управува со буџет од 11 милијарди леи.
Изборниот ден почна во 7 часот и ќе заврши во 21 часот по локално време.
За позицијата, која остана испразнета по изборот на Никушор Дан за претседател на Романија, се натпреваруваат 15 кандидати. Сепак, на гласачкото ливче се 17, бидејќи двајца ја повлекле својата кандидатура во последен момент.
Најмладиот кандидат има 32 години, а најстариот 66.
Победникот ќе стане 17-ти градоначалник на Букурешт од 1990 година наваму.