Бугарско – македонскиот спор бил главна тема на работниот ручек на Сиљановска со амбасадорите од ЕУ
Акцентот бил ставен на македонските проблеми и пречки во евроинтеграцијата и на потребата од креативно решение за надминување на бугарско-македонскиот спор во духот на пријателството и добрососедските односи, со почитување на фундаменталните вредности и принципи на ЕУ.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера имаше работен ручек со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во земјава, организиран од унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн.
Според соопштението од кабинетот на претседателката, ручекот поминал во пријателска атмосфера и се дискутирало за актуелни домашни, регионални, европски и светски настани и процеси.
Акцентот бил ставен на македонските проблеми и пречки во евроинтеграцијата и на потребата од креативно решение за надминување на бугарско-македонскиот спор во духот на пријателството и добрососедските односи, со почитување на фундаменталните вредности и принципи на ЕУ.
Претседателката ја реафирмираше својата длабока верба, посветеност и решеност за спроведување на реформската агенда во согласност со копенхагенските критериуми, со активно партнерство со ЕУ.
Таа укажала и дека билатерализацијата и преседаните се реална опасност за проширувањето.