Бугарското министертво за надворешни работи ќе ја повика македонската амбасадорка Агнеза Руси за да и биде врачена протестна нота за синоќешната тепачка во кафеана во Охрид.
Од Бугарското МНР велат дека станува збор за тешко делот извршено врз граѓанин на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и секретар на клубот „Борис Трети“ во Охрид.
Од МНР на Бугарија ги повикаа македонските власти да преземат мерки за борбата против злосторствата врз Бугарите. Веќе било телефонски разговарано и со министерот Османи, кој уверил дека ќе биде спроведена истрага.
„За жал, нападот од 19 јануари 2023 година е индикативен пример за тешките последици од системското отсуство на адекватна реакција и ангажираност од страна на Република Северна Македонија, вклучувајќи и по однос на неможноста да ја исполни својата основна обврска – да ја гарантира сигурноста на сопствените граѓани“, велат од бугарското МНР.