Бугарски пратеници побарале и македонскиот амбасадор да не биде поканет на првата свечена собраниска седница во Софија

Нов скандал  во Бугарија. По амбасадорите на Руската Федерација Елеонора Митрофанова и Никита Лешуков в.д амбасадор на Белорусија, кои според прес-центарот на бугарскиот парламент нема да бидат поканети на првата седница на 48. Народно собрание, закажано за 19 октомври, бугарски пратеници го покренале прашањето за присуството на конститутивната седницата  и на македонскиот амбасадор во Софија.

Бугарски пратеници го поставиле прашањето дали и претставникот на Северна Македонија треба да влезе во Народното собрание во Софија, откако како што велат тие „нашата национална химна беше исвиркана на фудбалски натпревар во Скопје“.

Ова иницијатива довела до жестока дискусија за време на прелиминарниот состанок за деталите од почетниот состанок, распределбата на местата во салата, просториите во парламентот и резиденциите на одделенијата. Македонија од неодамна има нов амбасадор во Софија, Агнеса Руси Поповска, и ваквиот пречек дополнително ќе ги наруши односите меѓу двете земји.

Пред да се конституира парламентот и да се создадат пратеничките групи, се е во рацете на администрацијата на Народното собрание, коментира Росен Костурков, од „Продолжуваме со промената“.

Победничката партија на последните предвремени парламентарни иозбори во Бугарија, ГЕРБ-СДС предложила партиите да го поканат претседателот на Украина, Володимир Зеленски да има видео-обраќање во живо до народните избраници за време на првата седница на парламентот, соопшти прес-центарот на партијата.