Бугарски пратеници бараат покрај руската, и македонската амбасадорка да не биде поканета на конститутивната седница на парламентот

Бугарски пратеници бараат и македонската амбасадорка Агнеса Руси да не биде поканета на свеченоста по повод конститутивната седница на бугарскиот парламент. Претходно било предложено на седницата да не бида поканета и руската амбасадорка Елеонора Мотрофанова, пишуваат бугарските медиуми.

Конститутивната седница на 48-то Национално собрание е закажана за на 19 октомври. Пратениците велат дека претставникот на Македонија не треба да влезе во Народното собрание откако „нашата национална химна беше исвиркана на фудбалски натпревар во Скопје“. Денеска на иницијатива на Демократска Бугарија ќе има нова средба на која ќе се допрецизира ставот и за Митрофанова и за Руси.

Пред четири дена амбасадорката Руси му ги предаде акредитивните писма на бугарскиот претседател Румен Радев.