Бугарски европратеник се закани со ново вето за Македонија

Повод за реакцијата е предлог-амандманот на Вајц, со кој се доведува во прашање вториот протокол од договорот меѓу Скопје и Софија, кој е дел од т.н. „француски предлог“ – основа за преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

Бугарскиот европратеник Илија Лазаров најави можност за вето на членството на Македонија во ЕУ.

Лазаров кој доаѓа од партијата ГЕРБ, остро ја критикуваше иницијативата на европратеникот Томас Вајц обвинувајќи го дека делува под влијание на македонските власти, предводени од Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Повод за реакцијата е предлог-амандманот на Вајц, со кој се доведува во прашање вториот протокол од договорот меѓу Скопје и Софија, кој е дел од т.н. „француски предлог“ – основа за преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

„Секоја промена во европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето“, изјави Лазаров.

Лазаров упати и остри квалификации кон македонската страна, оценувајќи дека однесувањето на Скопје не е во согласност со правилата на Унијата.