Бугарски државјанин исчезнал при нуркање во Охридското Езеро

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца. Тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“ преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.

Тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот  клуб „Амфора“ преземаат мерки за негово пронаоѓање.

-На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот  клуб „Амфора“, информира СВР Охрид.