Единаесет лица се повредени откако бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид во проводник на реката Дунав во северна Австрија, соопшти во саботата локалната полиција.
Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија во Германија за австрискиот град Линц, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг, пренесува Ројтерс.
11-те повредени се пренесени во болница, а бродот можел да продолжи понатаму по несреќата, рече портпаролот.
Засега не е јасно колку се сериозни повредите, рече портпаролот.
Локалните медиуми соопштија дека уште шест лица претрпеле помали повреди за кои не била потребна болничка помош.