Бугарските медиуми во неверување дека Шекеринска стана втор човек на НАТО, а не Бугарката Габриел
Назначувањето на македонската политичарка Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е една од топ темите во медиумите во регионот и светот, а за нејзиното назначување пишуваат и бугарските медиуми.

Акцентот се ставен на тоа дека новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте се одлучил за Шекеринска, а не за Бугарката Марија Габриел.
Во конкуренција за оваа позиција според регионалните медиуми биле и поранешната хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорската министерка за одбрана Оливера Ињац.
Шекеринска е прва жена од Западен Балкан и од земја која не е членка на ЕУ, назначена на ваква висока позиција во НАТО.