Бугарскиот професор Михаил Иванов се приклучи кон повикот на Пендаровски

„Се приклучувам на повикот на македонскиот претседател“, напиша на Фејсбук бугарскиот професор Михаил Иванов, кој му беше советник на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.

Тој ја пренесе вчерашната изјава наПендаровски за време на одбележувањето на 80-годишнината од прогонот на македонските Евреи во Скопје:

„Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“.

Иванов исто така напиша и дека се согласува со изјавите на Горан Садикарио, директорот на Музејот на холокаустот во Скопје.

„Го слушам Горан Садикарио и ме боли. Затоа што тој е апсолутно во право. Зошто не слушам од демократските политички партии за срамната ситуација во која генералот Радев и неговата придружба ја ставија Бугарија“, пишува Иванов.