Бугарскиот писател Господинов ја доби престижната Букерова награда

Георги Господинов – бугарскиот писател е добитник на светски престижната книжевна Букерова награда, за романот „Засолниште во времето“ ( Time Shelter) во превод на Анџела Родел. Тоа е прва книга напишана на бугарски јазик која ја добива оваа меѓународна награда.

Господинов е најпреведуваниот современ бугарски писател

Делото е опишано како „брилијантен роман полн со иронија и меланхолија“.

Наградата од 50.000 фунти, која се дели подеднакво меѓу авторот и преведувачот, се доделува секоја година за роман или збирка раскази на кој било јазик што е преведен на англиски и објавен во Обединетото Кралство или Ирска. Ова е четврта книга на Госпдодинов која е преведна на англиски јазик.

На македонски се објавени „Природен роман“ („Темплум“/„Или-Или“), „И други приказни“ („Темплум“), „Балади и распади“ („Блесок“), „Физика на тагата“ („Или-Или“), „И сè стана месечина“ („Или-Или“) и „Сите наши тела“ („Или-Или“).