Бугарскиот парламент ќе расправа за францускиот предлог

Бугарското Народно собрание денеска како прва точка она дневниот ред ќе расправа за усвојувањето одлука со која се одобрува предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачка рамка за Северна Македонија и Албанија.

Членовите на парламентарната Комисија за надворешни работи синоќа дебатираа за трите предложени решенија. Не успеаја да ги спојат предлозите во еден, ама го поддржаа предлогот на Демократска Бугарија и Христо Иванов.

Главниот аргумент на владејачката Продолжуваме со промената да не ги поддржи другите две предлог-одлуки е да нема шпекулации дека гласале заедно со ГЕРБ и Движењето за права и слободи.

Има таков народ, БСП и Преродба рекоа дека нема да ја поддржат одлуката бидејќи се разликува од она што досега го усвои бугарскиот Парламент.