Бугарскиот министер за одбрана во ненајавена посета на Украина

Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов е во ненајавена посета на Украина, објави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников на својот Твитер профил.

Резников напиша дека му било чест да го пречека Стојанов и изрази благодарност до Бугарија за помошта за обезбедување безбедност на Украина. Резников во својот твит вели дека очекува и развој на меѓусебната соработка во областа на одбраната меѓу Украина и Бугарија.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека силите за територијална одбрана на Украина се опремени со бугарско противтенковско оружје.

Бугарските фрлачи на противтенковски гранати веќе се испратени до силите за територијална одбрана на Украина. Самостојна бригада од територијалната одбрана на Украина го демонстрирала новоприменото оружје на 17 декември.