Бугарската фирма за преводи и јазични сертификати „Јулија“ исчезна од Фејсбук
Фејсбук-страницата на компанијата „Јулија“, која се занимава со превод и консултации, а од која потекнува сертификатот за познавање на англиски јазик кој го приложил новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, од утрово е избришана на социјалната мрежа.
Фејсбук-страницата на компанијата „Јулија“, која се занимава со превод и консултации, а од која потекнува сертификатот за познавање на англиски јазик кој го приложил новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, од утрово е избришана на социјалната мрежа. Никој не крева ниту на телефонскиот број, објави Телма.
Валидноста на сертификатот со кој се стекнал Христовски во меѓувреме го проверува Антикорупциската комисија. Името на бугарското училишно студио „Јулија“, покрај во биографијата на директорот на АНБ Бојан Христовски, се појавува и во една одлука на ДКСК од 2021-ва.
Тогаш бил оспорен ТОЕФЛ-сертификат од истата школа која ја приложил директор на меѓуопштински центар за социјални работи. Центарот доставил дека сертификатот е приложен во законски рок, по што ДКСК ја отфрлило претставката дали сертификатот е поднесен навреме. Антикорупционерите тогаш не проверувале дали се работи за валиден сертификат или за фалсификат.
Имало уште неколку случаи со директори на државни институции за чии сертификати, тогашниот ДКСК побарал одговор од Британскиот совет, пишува Телма.