Реконструкција на туристички објект во битолскиот регион – Бугарски ловни традиции од времето на Цар Самоил до денес. Оваа е називот на проектот што го доби сопственикот на Ловечкиот дом во ресенското село Евла, за негово доопремување како ресторан.
На таблата пред објектот пишува дека проектот се реализира со бугарска помош за развој од Министерствто за надворешни работи преку Генералниот конзулат на Бугарија во Македонија.
Во Евла, каде пред десетина дена низ медиумите простриуи веста дека се врши притисок за бугаризација на жителите, вечерва на гости ќе дојде потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова. Сопствениците се подговуваа за настанот, но не сакаа да дадат изјава за проектот и неговото финансирање. Тврдат дека парите се обезбедени преку европските фондови, но аплицираа на повик објавен во Бугарија.
Овде во Евла ништо не навестува дека за неколку часа ќе пристигне висок гостин од Бугарија. Малкутемина жители кои ги сретнавме не сакаа да зборуваат дали имаат притисок за да извадат бугарски пасош.
Дел од жителите со кои разговаравме, велат слушнале дека има притисоци за да аплицираат за бугарски пасоши, но никој не потврди дека тоа нему му се случило.
„Слушнав гласини дека наводно се врши бугаризација. Лично мене никој не ми понудил такво нешто, а мене и на мојата фамилија не може никој да ни изврши притисок, ние сме Македонци“ вели жител.
„Никој не побрал такво нешто од нас, никој“, вели жителка.
Сопственикот на Ловната куќа категорично ги демантира обвинувањата дека токму тој се обидува да го бугаризира населението во Евла. Се пожали дека 20 години, откако се вратил од Канада трпи опструкции при секој обид да отпоче бизнис. Се подготвуваше за гостите вечерва, но вели не знае оти буграската потпретеседателката Јотова ќе биде во неговиот ресторан.
„Глупости се тоа, со македонско знаме и канадски половина милион долари јас , јас бугарски пасоши ќе давам, срамота е тоа. Не сакаат да видат ништо на арно“, вели Нуамче Ставревски, сопственик на Ловечка куќа-Евла.