Бугарската влада на својата редовна седница донесе одлука за поддршка на социјално загрозените граѓани, соопшти вршителот на должноста вицепремиер за социјална политика и министер за труд и социјална политика Лазар Лазаров на брифинг во владината зграда.
Според Лазаров, се очекува да им се помогне на 50.000 бугарски граѓани со дополнителна поддршка за греење во износ од 400 лева (200 евра).
Инаку, бугарските власти веќе доделија 285.000 помош за греење од 625 лева (312 евра) за целата зимска сезона за пензионерите и лицата со ниски примања, рече Лазаров.