Бугарија: 111 пожари изгаснати за едно деноноќие, повредени две лица

Во изминатото деноноќие противпожарните екипи во Бугарија реагирале на 142 повици за интервенција, при што биле изгаснати вкупно 111 пожари, соопшти Главната дирекција за „Пожарна безбедност и заштита на населението“. Во пожарите се повредени две лица, пренесува БТА.

Со материјални штети се регистрирани 16 пожари – четири во станбени згради, еден во помошни или привремени објекти, два во транспортни средства, два во шумски подрачја, три во земјоделството, еден во отворени објекти и три други.

Регистрирани се и 95 пожари без материјални штети – 56 во сува трева, шумска постела и грмушки, четири на стрништа, 28 во отпад и седум други.

Покрај тоа, извршени се 23 спасувачки акции и технички интервенции – три при сообраќајни несреќи, една при домашен или индустриски инцидент и 19 со техничка помош. Забележани се и осум лажни повици.

Според БТА, пожар во близина на градот Бугларово вчера уништил објекти и предизвикал итна евакуација на жители, а продолжува гаснењето на шумскиот пожар над селото Илинденци во Пирин. Во акциите се вклучени и војници со механизација од Бугарската армија. Во Варна, пак, пожар настанал во местноста Сотира поради скара, а пожарникари се бореле и со пожар во близина на Аксаково.