Бугарија ќе го одбележи раѓањето на Гоце Делчев во училиштето во Софија каде што учел

По повод 153-годишнината од раѓањето на Делчев, на 4 февруари, во училиштето каде што учел Делчев во Бугарија, денес Воена академија „Г.С. Раковски“ во Софија, ќе се одржи свечен концерт со класична музика и поезија.

Бугарија на свој начин ќе ја одбележи годишнината од раѓањето на Гоцн Делчев. И тоа во Софија наместо нејзини делагации да доаѓаат во Скопје на гробот во црквата „Свети Спас“.

По повод 153-годишнината од раѓањето на Делчев, на 4 февруари, во училиштето каде што учел Делчев во Бугарија, денес Воена академија „Г.С. Раковски“ во Софија, ќе се одржи свечен концерт со класична музика и поезија.

Настанот го организира Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ од Бугарија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев.

На концертот, како што информираат од фондацијата „Гоце Делчев“, ќе учествуваат Илина Митревска – сопран од Македонија, Нели Динева – сопран од Бугарија, поезија од Македонија ќе чита актерката и политичарка Валентина Божиновска, Елисавета Шапкарева поезија од Бугарија, Љупка Бијаџони-Гутенберг – диригентка од Германија и Софискиот симфониски оркестар.

На концертот се поканети членови на собранијата на Бугарија и Македонија, како и бугарската и македонската влада.