„Кога Законот за здруженија ќе стапи во сила, зависи од тоа кога ќе биде објавен во Службен весник на РСМ. Сигурно е дека ќе ги забрани клубовите, прашањето е дали ќе се наметне промена на имињата. Не можеме да дадеме одговор на тоа прашање, бидејќи тоа ќе биде решение на секој еден од клубовите. Тие ќе имаат можност да ги сменат своите имиња или да ги бараат своите права по судски пат. Бугарската држава секако ќе ги поддржи и во двата случаи“.
Ова го изјави главниот експерт на бугарското МНР, Желјазко Радуков, како одговор на прашање од БГНЕС за време на редовниот брифинг на министерството, пренесува Трибуна.
„Дали може Венецијанската комисија да го запре законот?
– На практика не, бидејќи решенијата на Венецијанската комисија се препорачливи а не задолжителни.
Второ, одговорна влада бара став од Венецијанската комисија тогаш кога законот се уште е во фаза предлог-закон а не кога веќе е изгласан“, објаснува Радуков.
„Во оваа смисла сите убедувања дека Венецијанската комисија ќе го запре спроведувањето на овој закон што ги слушаме од РС Македонија, ние ги прифаќаме за несодржајни“, изјави Радуков.