Радев ја подржува иницијативата за подигнување на спомен плоча на Гоце Делчев во Баница,Грција по повод 120 години од неговото убиство во 2023 година.
„Бугарија и Грција ги оставија настрана сите противречности во минатото и во моментов се модел и пример за стратешко партнерство и разбирање“, изјави Радев.
„Не гледам проблем. Грција, која е суверена држава, и одлучува за спомениците на нејзината територија, треба да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле“- потенцираше Радев.
„За мене иднината на светот е како поле за културна соработка“, ги парафразираше Радев зборовите на Гоце Делчев и посочи дека токму тоа го прават денеска со Република Грција.
„Доколку има барање за поставување спомен плоча на Гоце Делчев во Баница, надлежните органи ќе го разгледаат“, рече грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.