Бугарија нема да дозволи руски бродови во свои води!

Министерство за транспорт на Бугарија ќе ги затвори бугарските пристаништа за руските бродови во Црното Море. Ова за БНТ го соопштил министерот за транспорт – Николај Сабев.

Според министерот Сабев, Бугарија има национален интерес да запре војната во Украина.

Тој рече дека ова во моментов се координира со министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска која е во Европската комисија во Брисел. Бугарија сака ова да се координира во рамките на ЕК.

Според министерот за транспорт, ЕУ успеала да изгради ефикасна економска блокада за да ја запре војната во Украина.

Сабев рече дека руска авиокомпанија пред неколку дена добила дозвола од бугарските власти да изврши хуманитарен лет и да ги земе Русите кои биле на зимски одмор. Од 180-те граѓани кои Москва ги побарала да бидат превезени во Русија, во авионот се качиле само 70 нејзини граѓани, а останатите ја претпочитале Бугарија.