Наесен во Бугарија ќе се одржат нови избори по четврти пат за година и половина. Претседателот Румен Радев го распушти парламентот и ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на 2 октомври закажа парламентарни избори, откако во јуни се распадна коалициската реформска влада на премиерот Кирил Петков.
Колапсот на реформистичката коалиција во јуни го отвори патот за нови избори, четврти од април 2021 година.
Аналитичарите прогнозираат дека во новиот легислативен период ќе продолжи да има силно фрагментиран партиски пејзаж со поголемо влијание на проруските партии и на националистичките партии. Ова би можело да го отежне формирањето влада.
Претседателот Радев со втор указ го распушти Народното собрание и го одреди датумот за вонредни парламентарни избори на 2 октомври.
Тој на чело на привремената влада го постави поранешниот министер за труд Галаб Донев.
Се очекува дека новата влада ќе се обиде да ги ублажи стравовите поради проблемите со снабдување на гориво, и оти ќе го преиспита ставот на земјата за увоз на руски приироден гас.
Русија во април запре да ѝ испраќа на Бугарија гас, откако претставниците на земјата го одбија барањето на Москва да се плаќа за гасот во рубљи.