Бугарија испраќа 100 војници за зајакнување на мировната мисија на НАТО на Косово

Во Бугарија денеска ќе биде организирано свечено испраќање на воен контингент од околу 100 војници, со што дополнително ќе се зајакне мировната мисија на НАТО на Косово и Метохија (КФОР).

Свеченоста ќе се одржи во 10:30 часот во Јамбол, на централниот плоштад пред зградата на општината, јавува Радио Бугарија.

Контингентот ја заврши обуката како дел од 42 механизиран баталјон – Јамбол и беше оценет како „борбено подготвен“, соопшти Министерството за одбрана.