
Бугарија е задоволна од усвоениот Извештај за Македонија
„Со својата резолуција за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија (РСМ), Европскиот парламент не дозволи тој да биде инструментализиран за потребите на внатрешната политичка дебата на земја-кандидат“, коментираше министерот за надворешни работи Георг Георгиев.
Откако денеска беше усвоен Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија без да се спомене во него македонскиот јазик и идентитет, официјална Софија инстантно реагираше изјавувајќи задоволство од документот.
„Со својата резолуција за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија (РСМ), Европскиот парламент не дозволи тој да биде инструментализиран за потребите на внатрешната политичка дебата на земја-кандидат“, коментираше министерот за надворешни работи Георг Георгиев.
Георгиев им се заблагодари на „лидерите на политичките партии во Бугарија, лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, премиерот Росен Жељасков, бугарските европратеници, претставниците на сите партии, кои со своите напори овозможија да се слушнат разумни аргументи“.
„Бидејќи не треба да се дозволи таков извештај да излезе од рамките на надлежностите на ЕП, ниту едно законодавно тело не може и не треба да толкува теми поврзани со научна дискусија“, истакна бугарскиот министер за надворешни работи.
Со посебно соопштение се огласи и бугарското Министерството за надворешни работи во кое се нагласува дека „Европскиот парламент со убедливо мнозинство го избегна вклучувањето на институцијата во обиди за политичка инструментализација од страна на Република Северна Македонија, насочени кон заобиколување на обврските што произлегуваат од таканаречениот европски компромис од 2022 година“.
Во соопштението се додава:
„Во контекст на проширувањето на Европската унија, прашањата поврзани со идентитетот и јазикот треба да се разгледуваат во рамките на научниот и академскиот дискурс, бидејќи по својата природа не спаѓаат во опсегот на институционалната проценка на напредокот на земјите-кандидатки во однос на објективните и мерливи критериуми за пристапување. Со својата одлука, Европскиот парламент ја потврди својата улога како непристрасно и независно тело, посветено на следење на реформскиот напредок на Република Северна Македонија. Од особена важност се наодите во областа на владеењето на правото, заштитата на основните права и слободи, функционирањето на демократските институции, спроведувањето на клучните реформи, спроведувањето на договорните обврски, како и влијанието на надворешните актери. Овие аспекти треба да бидат во фокусот на напорите на властите во Македонија, доколку целта остане трајна европска интеграција“.
Изгласан извештајот за Македонија, македонскиот идентитет „исчезна“ од текстот