Кирил Петков и Димитар Ковачевски – бугарскиот и македонскиот премиер ја одржаа заедничката прес-конференција во Владата.
Премиерот Ковачевски кажа дека Софија може да го користи краткото име на државата. Со ова е отстранет багажот околу името и тоа не е веќе на преговарачка маса.
Ќе се интензивира дијалогот меѓу Софија и Скопје. Ќе се формираат повеќе работни комисии не само со владини претставници, туку и експерти и граѓанскиот сектор.
Историската комисија паѓа во втор план, наспроти прашањата на денешнината. Таа ќе се одвива на долг рок и со мотив да бидат мост кон иднината, а не кон минатото.
На крајот на денешната прес-конференција во Владата меѓу двајцата премиер, македонскиот прв човек на Владата, Ковачевски доби јаболко од новинарка од Бугарија како гест на почит.