„Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес“ ова го изјавил министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов за bgnes.bg
Оваа изјава доаѓа откако премерот на Унгарија Виктор Орбан за време на денешната тет а тет средба со Христијан Мицкоски му дал предлог Унгарија да биде посредник во решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.
Што содржи конкретно предлогот од Унгарија не откри ниту Мицкоски, кој за тоа кои се идните чекори на Македонија за европскиот пат на земјава, по одлуката на ЕУ за разделување на пристапниот пат на Македонија и на Албанија рече дека земјава е жртва на билатерализација на процесот.