
Бугарија го воведува еврото
За време на транзицијата кон новата валута, плаќањата со картички и подигнувања пари од банкомати нема да бидат можни, поради што на граѓаните им се препорачува однапред да обезбедат доволна количина готовина.
Од 1 јануари 2026 година, Бугарија го воведува еврото како официјално средство за плаќање, со што националната валута – лев заминува во историјата.
Надлежните институции издадоа предупредување до граѓаните и туристите дека на новогодишната ноќ може да има привремени технички прекини во банкарскиот систем.
За време на транзицијата кон новата валута, плаќањата со картички и подигнувања пари од банкомати нема да бидат можни, поради што на граѓаните им се препорачува однапред да обезбедат доволна количина готовина.
Како што e најавено, банкарските системи во Бугарија технички ќе бидат ресетирани во ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари.
Во тој период, ПОС терминалите во продавниците и рестораните ќе бидат привремено надвор од функција, додека банкоматите нема да издаваат пари ниту ќе прифаќаат картички.
Прекинот во работењето на системот треба да трае од околу 21 часот на 31 декември до околу еден и пол час по полноќ, по што банкарските и платните системи постепено ќе се вратат во функција, со веќе нова валута – евра.
Официјалниот курс на конверзија е 1 евро за 1,95 лева.
Со приклучувањето кон Еврозоната, Бугарија станува 21-ва членка на монетарната унија, со што се стекнува правото да учествува во Советот на гувернери на Европската централна банка.
Тоа и овозможува на земјата директно да учествува во донесувањето одлуки за монетарната политика на Еврозоната.