Брутално убиство во Смедерево – маж 80 пати избоден со нож, па ограбен

Против 45-годишниот Н.К од Смедерево е поднесен обвинителен акт поради основано сомнение дека со 80 убоди со остар предмет убил маж во Смедерево, по што му ја одзел чантата во која имало повеќе од 9.000 евра и избегал од државата.

Таткото и братот на осомничениот се обвинети за помагање во убиството.

По спроведената истрага, Вишото јавно обвинителство Смедерево поднесе обвинителен акт против обвинетиот Н.К.(1979) од тој град, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – тешко убиство, јавува РТС.

Како што се наведува во соопштението на обвинителството, Н.К., се сомничи дека со околу 80 убоди со остар предмет во кафеана во Смедерево во непосредна близина на Зелен пазар, на свиреп и подмолен начин го убил Ж.И. зел чанта во која имало најмалку 9.100 евра и истата вечер ја напуштил државата.

Во Германија е уапсен од каде на 13 јануари годинава е екстрадиран во Србија.

Против татко му и брат му е подигнато обвинение затоа што има основано сомнение дека помагале во убиството.

На предлог на Обвинителството им е продолжен притворот на сите тројца.

Н.К поради опасност од бегство, ризик од повторување на делото, како и нарушување на јавниот ред и мир.