Брус Вилис ја завршува кариерата, има психичко заболување
Популарниот холивудски актер – Брус Вилис (67) е принуден да ја заврши актерската кариерата оти му е дијагностицирана афазија – губење на говорната способност и разбирањето на говорот.
„Поради тоа, Брус става крај на кариерата којашто толку многу му значеше“ – пишува во изјавата потпишана од сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, од неговата поранешна сопруга Деми Мур и петте негови деца.
Меѓу филмовите во кои тој играше главна улога ќе останат запаметени „Умри машки“, „Евтини приказни“, „Шесто сетило“, „12 мајмуни“, „Џакалот“, „Петтиот елемент“, „Армагедон“ и уште многу други.