Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш е прогласен за играч на месецот во Премиер лигата за март.

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е прогласен за играч на месецот во Премиер лигата за март.
Капитенот на Јунајтед постигна два гола и додаде четири асистенции во четири мартовски натпревари, помагајќи му на својот тим да освојат седум бодови изминатиот месец.

За Португалецот Фернандеш ова шеста награда играч на месецот во Премиер лигата, со што се израмни со сонародникот, Кристијано Роналдо, и легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.

Една награда повеќе имаат Серхио Агуеро, Хари Кејн и Мохамед Салах.