Бројот на убиените Палестинци се искачи на 23.357

Бројот на убиени Палестинци во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас се искачи на 23.357, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа, со кое раководи Хамас.

Во соопштението се додава дека вкупно се ранети 59.410 Палестинци, пренесува Ројтерс.

Во израелските напади во изминатите 24 часа загинаа 147 Палестинци, а 243 беа повредени.

Електрана во областа Буреиј во централна Газа, витална за снабдување со електрична енергија, била погодена од израелски напади и се запалила, пренесува Ал Џезира.

Во нападот сериозно беа оштетени сите четири генератори и физичката инфраструктура околу централата.

Катарската телевизија наведува дека тоа дополнително ќе го отежне снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа и ќе ги влоши и онака неподносливите услови за живот.