Бројот на повредени во терористичкиот напад во „Крокус“ се зголеми на 152

Според ажурираните податоци на руското Министерство за вонредни ситуации за Московската област, бројот на повредени во терористичкиот напад што се случи во концертната сала „Крокус“ ​​во близина на Москва е зголемен на 152, од кои 114 се хоспитализирани, соопштено е денеска на веб-страницата на министерството.

„Во терористичкиот напад загинаа 133 лица, меѓу кои три деца, а 114 лица, од кои 4 деца, се префрлени во медицински установи и се хоспитализирани“, се вели во соопштението на руското Министерство за вонредни ситуации за Московската област, пренесува ТАСС.

Екипите на Министерството за вонредни состојби продолжија со расчистување на теренот околу локацијата на терористичкиот напад, а во текот на ноќта беше ангажирана и тешка механизација.