Бројот на загинати Израелци надмина 600, бројот на убиените Палестинци се зголеми на 300

Бројот на загинати во нападите извршени од милитантната група Хамас врз Израел се искачи на над 600, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Портпаролот на ЗАКА, хуманитарната група која се занимава со загинатите по терористичките напади, за израелските медиуми изјави дека се убиени повеќе од 600 Израелци.

Израелското Министерство за здравство соопшти дека бројот на повредени во болниците достигна 2.048, од кои 20 се во критична состојба и 330 тешко повредени.

Според последните податоци на милитантната група Хамас, бројот на убиени Палестинци се искачи на 300, а речиси 2.000 се повредени, пренесува Танјуг.