
Бројот на загинати во пожарот во градот Лахаинан на островот Мауи на Хаваите се искачи на 106, што го прави најсмртоносниот во САД во последните 100 години, соопштија властите.
Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртвите би можел да биде двојно поголем, бидејќи не се знае судбината на стотиците исчезнати лица, јавува Гласот на Америка.
Официјални лица рекоа дека првите три тела се идентификувани, но рекоа дека ќе биде тешко да се идентификуваат жртвите бидејќи пожарот бил толку интензивен што металните конструкции се стопиле.