Бројот на загинати во пожарот во ноќен клуб во Шпанија се искачи на 13

Најмалку 13 лица загинаа во пожар што зафати неколку ноќни клубови во Мурсија, град во југоисточна Шпанија, соопштија денеска итните служби.

Четири лица се пренесени во болница поради вдишување чад, а спасувачките служби трагаат по неколку лица кои се исчезнати по пожарот, јавуваат медиумите.

Да потсетиме, пожарот избувнал околу 6 часот по локално време, а властите стравуваат дека бројот на жртвите во популарниот клуб може да биде поголем.