Бројот на загинати во експлозијата во Иран се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800

Бројот на жртви од големата експлозија во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800, додека шест лица се водат како исчезнати, изјави началникот на одделот за управување со вонредни состојби во иранската покраина Хормозган, Мехрдад Хасанзаде.

Претходно беше објавено дека загинале 14 лица, а 752 се повредени.

Портпаролот на иранската Организација за управување со кризи, Хосеин Зафари, изјави дека лошото складирање на хемикалии во контејнерите во пристаништето Раџаи е причина за несреќата.

Силна експлозија избувна вчера во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас. Пристаништето главно прима контејнери, но има и резервоари за нафта и други петрохемиски инсталации.