Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени откако експлозии потресоа станбен блок во Хаг, Холандија, соопштија властите.
Пожарникарите веднаш реагираа и стигнаа до трикатната зграда откако експлозиите предизвикаа уривање на неколку станови во населбата Тарвекамп околу 06:15 часот по локално време во саботата наутро.
Градоначалникот на Хаг, Јан ван Заанен изјави дека се уште не се знае колку луѓе се водат за исчезнати.
Причината за експлозиите се уште не е утврдена, но холандската полиција соопшти дека автомобилот го напуштил местото „со голема брзина“ набргу по експлозиите. Полицијата апелираше до сведоците да излезат и да споделат информации, пишува Би-Би-Си.