Бројот на жртви во рускиот напад врз Чернигов се зголеми на 17

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз градот Чернигов се зголеми на 17, а 60 лица се повредени, соопштија денеска украинските власти.

Според ажурираните информации, починале 17 лица, од кои две лица починале во болница.

Покрај тоа, повредени се 60 лица, меѓу кои и три деца, се вели во соопштението на украинската служба за итни случаи објавено на Телеграм, пренесува Укринформ.