Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 115

Бројот на загинати во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ се зголеми на 115, објави Истражниот комитет на Русија на својот канал Телеграм.

„На местото на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, додека итната помош ги расчистуваше урнатините, пронајдени се уште тела. Така, бројот на загинати во моментов е 115 лица“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Претходно беше објавено дека во нападот загинале 93 лица.