Се намалува на бројот на активни ковид случаи во Македонија, поради што надлежните очекуваат стабилизација на епидемиолошката ситуација во државата.
Според вчераобјавените податоци на Институтот за јавно здравје, во државава активни се 2.871 случај од кои најголем број 1.546 се во Скопје.
Главниот координативен кризен штаб и Владата треба да се произнесат околу препораката на Комисијата за заразни болести да се укинат сертификатите задолжителни за влез во моловите, онаму каде не е задолжително носењето маски, како и околу препораката за укинување на задолжително поседување негативен ПЦР тест, потврда за прележаност или сертификат за вакцинација при излез од нашата држава, како и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 299.642, бројот на оздравени пациенти е 287.692, а на починати е 9.079.