Брозовиќ оди кај Роналдо во Ал-Наср, станува најскапоплатениот хрватски фудбалер
Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ го напушти Интер и се сели во Саудиска Арабија, каде што ќе игра за Ал-Наср.
Интер ја прифати понудата од 23 милиони евра за трансфер, а Брозовиќ си договори тригодишна соработка за која ќе заработи 100 милиони евра.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека сите детали се објавени и наскоро се очекува промоција на Брозовиќ во новата екипа.
Брозовиќ ќе му се приклучи на Кристијано Роналдо во Ал-Наср.