Брод со 35 мигранти се преврте во Средоземното Море, околу 20 лица се водат како исчезнати
Брод со околу 35 мигранти, кој пловел од Либија, се преврте во централниот дел на Средоземното Море, при што едно лице го загуби животот, а околу 20 лица се водат како исчезнати, изјави денеска координаторот на УНИЦЕФ за Италија, Никола Дел Арчипрете.

Спасувачка операција е спроведена во близина на брегот на италијанскиот остров Лампедуза од страна на италијанската крајбрежна стража, која спаси 11 мигранти, меѓу кои четири деца кои патувале сами, и извлекла тело на бремена жена, рече Дел Арчипрете.
Преживеаните и телото на бремената жена се префрлени во Лампедуза, додека другите патници сè уште се водат како исчезнати.