
Брод на Фронтекс потона во Егејското Море за време на операција за спасување мигранти
Брод на Фронтекс потона денеска во Егејското Море за време на операција за спасување на мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража, додавајќи дека екипажот бил веднаш спасен од други бродови.
Брод на Фронтекс потона денеска во Егејското Море за време на операција за спасување на мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража, додавајќи дека екипажот бил веднаш спасен од други бродови.
Бродот на Европската агенција за крајбрежна стража потона откако удрил во гребен во близина на островот Лезбос, изјави неименуван службеник на крајбрежната стража.
-Учествуваше во операција за спасување на мигранти во областа, во услови на силни ветрови, додаде службеникот.
Екипажот на бродот, составен од пет Португалци и еден Грк, е здрав и безбеден, рече тој.
Операцијата започна откако 36 мигранти забележани од полицијата на плажа на Лезбос пријавија на властите дека други членови на нивната група исчезнале на море.
-Потрагата продолжува, соопшти крајбрежната стража.
Фронтекс е Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, која им помага на земјите од ЕУ и Шенген зоната во управувањето со надворешните граници на Унијата.